Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, информира дека е асфалтирана улицата 8 во населеното место Ракотинци, проект кој, како што наведува, бил ветен пред граѓаните.

Мицевски објави дека особено му значи тоа што жителите на улицата лично му врачиле благодарница за реализираниот проект.

„За мене оваа благодарница има посебна вредност. Таа е потврда дека граѓаните ја препознаваат работата, но и уште поголема обврска да продолжиме со реализација на проектите што ги ветивме“, посочува Мицевски.

Тој додава дека целта е проектите да се реализираат постепено, со активности во различни населени места.

„Не ветуваме за да добиеме поддршка, ветуваме затоа што знаеме дека можеме да исполниме. Улица по улица, населено место по населено место – го менуваме Сопиште на подобро. Продолжуваме!“, порача градоначалникот.