Жално е за еден лидер на опозиција, кој претендира да биде власт, нивото на политичка култура да го сведува на навреди, тоа е само рефлексија на немање аргументи и нудење на предлози и решенија за она за кое што сака да критикува, оценува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

-Тој нема предлог како ќе ја подобри економијата, како ќе го подигне животниот стандард, како ќе ги зголеми платите, како ќе ја внесе Македонија во ЕУ со заштитен национален идентитет и јазик. Кога немањето политика и немањето аргумент за критиката која што ја давате, ако Венко Филипче го прашате „Ако Македонија ги внесе Бугарите во Уставот, што правиме тогаш утре“ и вие почнувате со навреди, тоа кажува за една фрустрација од немање на конкретни политики, рече Јаулески.

Тој побара Обвинителството да ги истражи изјавите на Филипче за наводен криминал на актуелната пратеничка на СДСМ, а поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

-Ја слушнав изјавата на Венко Филипче за Славјанка Петровска дека тоа го прави наводно направила криминал со набавка на хеликоптерите од 35 милиони евра. Ете јас од тука, од оваа емисија, го повикувам Обвинителството по изјавите на Венко Филипче, да го истражи тој случај и доколку се утврди кривична одговорност, да се отпочне една кривична постапка во таа насока. Бидејќи изјавите доаѓаат од лидерот на нејзината партија и мислам дека треба да се земат многу посериозно отколку кога доаѓаат од политичкиот опонент, рече Јаулески во Наткаст на КУРИР.

Целата емисија погледнете ја во видеото во продолжение: