МКК Куманово доби ново засилување за претстојните предизвици. Нов член на кумановскиот клуб е српскиот кошаркар Стефан Фундиќ, кој настапува на позициите крилен центар и центар.

Фундиќ е роден на 30 јуни 1994 година во Белград, висок е 200 сантиметри и тежи 105 килограми. Станува збор за искусен кошаркар кој зад себе има настапи во неколку европски првенства и богато клупско искуство.

Пред најавениот трансфер во Куманово негов клуб му беше Борац од Чак за кој настапуваше од 2025 година.