Поранешниот фудбалер од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, се надева дека „Црвените ѓаволи“ ќе добијат две титули во Премиер лигата, поради финансиските неправилности на Манчестер сити.

– Се надевам дека можеме да добиеме две титули, рече Погба.

„Граѓаните“ беа прогласени за виновни за кршење на финансиските правила на лигата помеѓу 2009 и 2018 година.

Казната сè уште не е утврдена, но некои експерти веруваат дека на клубот не само што би можел да му бидат одземени титулите, туку и да биде исфрлен во пониска лига.