Ракометарот на РК Вардар Вукашин Воркапиќ, е свесен дека пред тимот е тешка задача во Полска, но верува дека со подобар пристап и поголема борбеност може да се извлече позитивен резултат од натпреварот со Висла Плок во Лигата на шампионите.
„Теоретски сè е можно, иако реално можеби немаме големи шанси. Не знам дали на првиот натпревар го дадовме максимумот, но тоа не беше доволно. Сега мораме да се собереме, да ги анализираме грешките и да го поправиме она што може да се поправи.
Ќе сториме сè за да одиграме поинаков натпревар, да покажеме повеќе и да се обидеме да ги освоиме двата бода што толку многу ги посакуваме. За тоа ни се потребни вистински пристап и енергија. Тоа е најважно и ќе го дадеме максимумот“, изјави Воркапиќ.




