Со паради и театар, како овој со Ива Михаилова, Бугарите јасно покажуваат дека имаат класична криза на идентитетот и се срамат од тоа што се, па незадоволни од сопственото бараат друг идентиет, во овој случај македонскиот, изјави истражувачот Дардан Венетски во „За Македонските работи“ со Љупчо Цветановски.
-Ја потврдуваат мојата теза дека тие имаат криза со идентиетот, па прават паради и театри. Бугарите бараат самопотврда на својот иденитет и сакаат да се прикажат нешто што што не се, нешто друго. Очигледно тие самите не се задоволни од сопственото. Тие, јас морам да кажам, дека во науката постои едно пежоративно значење на поимот Бугари, наметнато од западната наука, кое за жал го прифаќаат и голем дел наши научници, според кое Бугарите се селани и „вулгари“, нешто што потоа западњаците го пренесуваат и на сите словенски работи за да не понижат. Така што Бугарите бегаат од тоа, се срамат од сопствениот идентитет, бараат друг идентитет, од староседелците, посочува членот на „Македонски манифест“.
Во овој контекст, Венетски го споменува и споменикот на Цар Самоил во Бугарија, каде на неговата тога има копче со сонцето од Кутлеш кое е македонски симбол кој никогаш не бил бугарски, исто како и бојата на облеката која низ историјата го претставува Самоил во бојата на пурпурот, позната боја на македонските великодостојници, но никогаш и на бугарските.
-Што очекувате од нив, кога тие ја имаат најголемата фабрика на Балканот, фабриката за производство на Бугари, има еден нивни научник од 19-ти век кој јасно кажа „Тоа што не можеме да го купиме со многу пари, ќе го купиме со многу повеќе пари“, заклучува Венетски во „За македонските работи“ на ТВ Алфа.




