Околу 5,4 милиони луѓе односно 9,3 проценти од населението во Италија минатата година живеело во апсолутна сиромаштија, соопшти денеска италијанскиот Завод за статистика (ИСТАТ).

Во споредба со 2024 година забележан е мал пад на апсолутната сиромаштија минатата година.

Стапката на апсолутна сиромаштија помеѓу домаќинствата минатата година изнесувала осум отсто, додека во 2024 година – 8,4 проценти, а помеѓу поединците од 9,8 се намалила на 9,3 отсто.

Статистиката покажува дека секое трето семејство на странски државјани живее во сиромаштија.