Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на неговата земја да покажат чесност во војната против Русија и побара од САД да не застануваат на страната на „агресорот“, објавија француските медиуми, појаснувајќи дека тој апелот го упати во контекст на новите тензии во односите меѓу Вашингтон и Киев.
„Ни треба ЧЕСНОСТ од нашите партнери во оваа војна: важно е секој во Америка да не застане на страната на агресорот, туку на нашите напори да ги заштитиме животите на луѓето, да ја завршиме оваа војна и да ја обезбедиме нашата безбедност“, напиша Зеленски на Икс, пишувајќи го зборот „чесност“ со голема буква по примерот на американскиот претседател Доналд Трамп.




