Почна реконструкцијата на дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски денеска изјави дека со реконструкцијата оваа улица добива целосно нов изглед и подобри услови за одвивање на сообраќајот.
-Со проектот предвидено е целосно отстранување на стариот асфалт, поставување нова подлога и два слоја асфалт, изградба на потпорни ѕидови и нови тротоари. Доколку временските услови дозволат, веќе следната недела ќе се постави новиот асфалтен слој-рече Тоневски.
Средствата за реконструкција на улицата во висина од околу 6.200.000 денари, без ДДВ, се обезбедени од Светска банка.
-Паралелно со овие активности, ќе го финализираме и асфалтирањето на дел од улицата „Јаким Стојковски“. Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање поквалитетни услови за живот на сите наши сограѓани-истакна Тоневски.




