Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески, кој на денешен ден пред деветнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на пат кон Загреб.

Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот што маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година 14 учесници го трчаат 19-тиот маратон во чест на Тоше. Маратонот го почнаа 13 маратонци, а уште еден ќе им се придружи во Македонија. Во Хрватска ќе истрчаат речиси 200 километри, преку Србија ќе поминат со возила, како што налагаат прописите во земјата, а од границата со Македонија до Крушево македонските маратонци ќе истрчаат уште 220 километри.

Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен-обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, маратонците треба да пристигнат во Крушево.

Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

Концертот остана запаметен како едно од последните големи обраќања на легендарната попѕвезда кон својата публика. Со својот препознатлив глас, енергија и искрен однос кон луѓето, Проески уште

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Тодор Проески-Тоше е роден на 25 јануари 1981 година и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992), каде што испеал песна на влашки јазик.

Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп во 1997 година и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјата и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ – беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.

„Тоше, те сакаме сите“ денеска во Ново Лисиче – музика, хуманост и сеќавање на Тоше Проески

Под мотото „Добрината не престанува – таа расте“, денеска со почеток во 16 часот, на улицата „Тоше Проески“ во Ново Лисиче ќе се одржи настанот „Тоше, те сакаме сите“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески.

Настанот го организираат ООУ „Лазо Ангеловски“, наставниците и родителите, со цел заеднички да се одбележи 19-годишнината од заминувањето на македонската музичка легенда и да се потсетиме на неговата музика, хуманост и добрина.

Манифестацијата е од отворен карактер, а поканети се сите почитувачи на Тоше, младите и граѓаните од цело Скопје кои сакаат преку музика и заедништво да му оддадат почит на човекот што остави неизбришлива трага во нашите срца.

Програмата ќе обедини ученици, музичари и граѓани, а меѓу активностите е и отворањето на новото хортикултурно катче, уредено со помош на родителите, како и пораки од децата посветени на добрината и споменот на Тоше.

На сцената ќе настапат хорот и оркестарот на ООУ „Лазо Ангеловски“, Next Time, Ламбе Алабаковски, Владимир Поповски, Тамара Волчевска, Мими Јовановска, Бојана Арсовска, The Crew, Дамјан Димевски и Ангела Влинтовска.

Дел од музичката програма ќе бидат и младите таленти Јосиф Коштримовски, Михаил Милошевски, Билјана Ивановска, Андреј Цаневски, Нела Манчевска, Лара Митевска, Бјанка Цорциана Дуца, Агнеса Русомаровска, Софија Недановска и други изведувачи.

Реализацијата на настанот е поддржана од Општина Аеродром, Универзална сала и Lions in Move, а помош во организацијата обезбедуваат и Baking Bread, Местенце и Лапетит.

Организаторите упатуваат благодарност до сите изведувачи, ученици, родители, наставници и помагатели што придонесуваат за овој настан.

Фото: Lions in Move
Комуникации и односи со јавноста