Државните претставници на Алберта денеска одлучуваат дали да започнат процес за распишување референдум. Премиерот Марк Карни предупредува дека победата на сепаратистичките опции ќе предизвика опасна неизвесност во моментот кога има трговска војна со САД, пишува Евроњуз.

Анкетите покажуваат дека независноста ја поддржуваат помалку од една четвртина од населението на оваа западна канадска провинција. И покрај ова, пред гласањето, целото внимание е насочено кон излезеноста и прашањето дали може да се случи мотивираниот сепаратистички табор, покрај пасивноста на федералистите, да постигне неочекуван резултат.

„Не дозволувајте било кој да ви каже дека ова е веќе одлучено. Излезеноста ќе го одреди исходот“, рече Карни на митингот во четвртокот.

За Карни, кој пораснал во Алберта, референдумот е „опасен блеф“ во време кога американскиот претседател Доналд Трамп воведува казнени тарифи и прифаќа анексијата за да ја скрши решителноста на Канада.

„Гласајте како Канада да зависи од тоа, бидејќи и зависи“, рече Карни.

Алберта има четврти најголеми докажани резерви на нафта во светот, а сепаратистичкото движење е поттикнато од незадоволството од начинот на кој федералната влада управува со секторот. Многу жители на Алберта беа силно против претходникот на Карни, Џастин Трудо, и го обнвинуваа дека со неговата климатска политика се обидува да го задушат производството на нафта.

„Ако сакате точно да покажете кој е одговорен за сепаратистичкото расположение, мислам дека тоа е Џастин Трудо“, рече премиерката на Алберта, Даниела Смит, во подкастот „Канадаленд“ овој месец.

На сепаратистичкиот митинг во Едмонтон во саботата, 61-годишната Сенди Мартел изјави дека луѓето поврзани со нафтената индустрија се чувствувале „ограбени, измамени и лошо третирани“.

„Време е да се кренеме и кажеме доста е “, додаде таа.

Гласањето се одржува само неколку дена по пожарот во воената база во покраината, каде што беа убиени најмалку четворица војници, а десетици беа ранети, што предизвика изрази на тага низ целата земја.

Конзервативната премиерка на Алберта вели дека сака покраината да остане во Канада, но свика референдум за конечно решавање на контроверзното прашање. Доколку мнозинството гласа за отцепување, тие ветија дека ќе го започнат процесот според обврзувачкиот референдум. Доколку победат федералистите, Смит смета дека прашањето за отцепувањето на покраината треба да биде затворено.

Аналитичарите ја споредуваат нејзината тактика со онаа на поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, кој се надеваше дека ќе ја заврши дебатата за членството на Велика Британија во Европската Унија со гласање. Карни ја водеше централната банка на Англија (Банката на Англија) низ превирањата околу Брегзит, а во четврток го искористи тоа искуство за да ги предупреди жителите на Алберта.

„Во тоа време не беше јасно што Брегзит всушност значи“, изјави тој за телевизиска станица во Калгари.

„Во следните неколку години, додека тоа се утврдуваше, имаше голема неизвесност, инвестициите беа во стагнација, а економијата почна да заостанува“, додаде тој и предупреди на несакани економски последици.

Денешниот референдум содржи десет прашања, меѓу кои некои се за имиграцијата, но десеттото е: „Дали Алберта треба да остане покраина на Канада?“ или покраината би требало да преземе законски чекори за конечно гласање на незивноста.

Изборната комисија на Алберта објави дека гласачките ливчиња со десеттото прашање ќе се бројат први, а резултатите се очекуваат утре во раните утрински часови.