Вријат социјалните мрежи по дебаклот на СДСМ на предвремените локални избори во Брвеница. Особено очебијно е, како што пишува Курир, тоталното разочарување на партијците и поддржувачите на партијата, кои остро реагираат на инфантилната објава по обелоденувањето на резултатите во која СДСМ се фали дека имале пораст на гласовите?!

Огромен револт и силни критики кон раководството на СДСМ предизвика небулозната партиска анализа за изборите во Брвеница, во која убедливиот пораз се толкува преку проценти за раст на сопствените гласови и пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Наместо поддршка, под објавата следуваат пораки за одговорност, промена на луѓето што ги подготвуваат анализите и заминување на раководството.

Во постовите на социјалните мрежи најчесто барање во коментарите е барањето оставка од „лидерот“ со кој СДС се забетонира на дното. Еден од најхумористичните е „Шлеперот каде е ?“.
„Неспособно раководство. Жално за партија која пропаѓа“, пишува еден, додека друг порачува: „Сменете ги тие што ви ги прават анализиве, на лош пат ве водат“.

Извор: Курир




