Денес се наоѓаме зад Универзална сала, каде што повторно ги поставуваме прашањата што ги засегаат сите жители на Центар, изјави Тамара Мицевска, член на ГК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде се паркинг-местата? Каде се новите зелени површини? Каде се новите училишта и подобрите услови за живот што им беа ветувани на граѓаните?

Господине Горан Бетон Герасимовски, по пет години на чело на Општина Центар, граѓаните заслужуваат конкретен одговор: колку нови училишта изградивте, колку нови паркинг-места обезбедивте и колку нови зелени површини уредивте“, праша Мицевска.

Во изјавата потенцира дека во интервју на 18.11.2025 истакнавте дека во следните четири години ќе се заложите за двојно зголемување на зеленилото според бројот на високостеблести дрвја и вкупната покриеност со зелени површини.

„На 22.09.2025 го претставивте тимот од Комисија за урбанизам и изјавивте дека приоритет ви е зеленило, јавните простори и решавањето на проблемите со паркирањето, а да не ја заборавиме и вашата изборна програма 2025–2029: Ветивте зелена трансформација со микропаркови во сите делови на општината, нови дрвја и зелени коридори.

Денеска 19.10.2026 кога маските ви паднаа видовме дека не ви е до граѓаните туку до удобната фотелја во која се вдомивте. Времето ви истекува, а резултати освен политички пресови нема.

Господине Герасимовски Бетон охрабрете се заедно со својот ментор Филипче и излезете од удобната канцеларија да ја разгледате општината која ја водите како тоне без идеи и проекти, да видите како живеат граѓаните зошто вашите лаги во изборите за подобар живот никој не ги гледа ниту чувствува.

Почитувани, ова е прашање за иднината на нашата општина. Сакаме Центар со функционални паркинзи, повеќе зеленило, современи училишта и достоинствени услови за живот.

Центар заслужува резултати што граѓаните можат да ги видат и почувствуваат, а не ветувања што се повторуваат од избори до избори, изјави Тамара Мицевска, член на ГК на ВМРО-ДПМНЕ.