Им го честитаме резултатот на СДС, им посакуваме уште многу вакви резултати во иднина со Филипче на чело, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, насловено како реакција на прес-конференција, што МИА го пренесува интегрално.
Поддршката која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери. Се согласуваме. На 4-то место се.
На какво дереџе дојде СДС со Венко Филипче да се радуваат и на 4-то место, каде што од својот опонент ВМРО-ДПМНЕ губат со 4 спрема 1.
Но, сепак ние им честитаме за резултатот на СДС, и им посакуваме уште многу вакви победи во иднина, секако со Филипче на чело.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




