Од денес достапни за граѓаните. Почнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила во македонското здравство – објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Како што е најавено, премиерот денеска ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“.

Од владината прес-служба информираат дека е предвидено премиерот да даде изјава за медиумите.




