Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, 21-годишната М.Х. од Скопје, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“, изгубила контрола и се превртела со возилото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Х., додека со телесни повреди нејзината 19-годишна сопатничка Е.А. од Скопје, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.