Победничкиот наратив во СДС по катастрофалниот дебакл во Брвеница е многу апсурдна ситуација која покажува дека врхушката и партијата се целосно загубени и во тотален очај, посочи актерот Сашо Тасевски во “Колегиум“ на Алфа во кој гостуваше и пратеникот Миле Лефков.
Власта не може да посака подобар СДС од овој, цени актерот кој вели дека со ваква опозиција ВМРО-ДПМНЕ ќе владејат уште 20 години.
-Многу апсурдна ситуација, навистина човек да помисли за таа група на луѓе, за таа партија, за раководството на таа партија дека се бааги одлепени од реалноста. Ај, да се обидеш да спинуваш некој тесен пораз како победа, ај тоа и некако би можел некој да го разбере, но се знае кој е победникот и во тој случај, но по еден ваков дебакл тоа едноставно зборува дека се тотално загубени, тотално во очај. Со тоа што мислам дека еден ваков СДС, ВМРО не можеше да посака подобар од овој СДС. Јас навистина не знам каков им е есапот, дали таму останаа воопшто некои луѓе покрај Филипче кои ја гледаат реалноста и што сфаќаат дека со ваков СДС ВМРО ќе владее во следните 20 години. Треба да се биде само малку мудар и ако знае да изменаџира да не му се случи она што му се случи во 2017-та. Едноставно, веќе нема конкуренција. Од една страна тоа не е добро, знаеме дека секоја партија на власт бара јака опозиција, но сега веќе кога је немаат во никој, на ВМРО-ДПМНЕ зошто да не, им одговоара. Кога имаш противници кои дозволуваат да ги тепаш 10:0, нема друго освен да им нанесеш пораз, вели Тасевски.
-Но со самото ова однесување, сега малку психолошки да го гледаш, зборува дека навистина се работи за едни луѓе кои очигледно немаат визија, немаат програма, очигледно е дека секој од нивните наративи кои што ги имаат се практички продолжение на сето она што беше пред Венко да дојде на чело на партија, тој е инсталиран таму, што значи дека некој или сериозно работи во корист на слаб СДС или како што некои викаат – СДС работи за ВМРО-ДПМНЕ, не можеш да го објасниш, тое е една апсурна ситуација, потенцира актерот во дебатната емисија на Алфа.




