Во двата воведни натпревари од вечерашната програма во рамки на третото коло во Лигата на шампиони, фудбалерите на Комо извојуваа убедлива победа пред своите навивачи над Манчестер јунајтед со 4-1, додека Галатасарај извојува гостинска победа над Лил со 4-2.

Комо доминираше на теренот од самиот почеток предводен од човекот на натпреварот Нико Паз, кој беше двоен стрелец (2, 57). Придонес во победата на Комо дадоа и Дувикас (49), на асистенција на Паз, и Рамон (76), додека почесниот гол за Манчестер јунајтед го постигна Зиркзе во судиското продолжение.

Комо на контото има шест бодови по три кола, додека јунјатед остана на три бодови.

Дуелот во Лил донесе офанзивен фудбал со многу шанси на двете страни и победа на Галатасарај со головите на Акгун (2), Батраков (44), Озер (52, автогол и Осимен (61). Двоен стрелец во редовите на домашниот тим беше Диауне (7, 39).

Турскиот тим ги освои првите бодови, додека Лил го претрпе третиот пораз.