Министерството за култура и туризам потсетува дека се во тек и до 30 октомври 2026, до 15.30 часот, трае пријавувањето  на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година.

Пријавувањето е со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: Годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности – физички лица  и Годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности – правни лица.

-Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок, а помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да ги побараат во секторите во Министерството за култура и туризам, објави Министерството.