Кошаркарската федерација на Македонија го објави новиот билтен после одигрување на третото коло во Супер-лигата. На истиот нема големи забелешки, но во фокусот е МЗТ Скопје.

Актуелниот македонски првак ќе мора да плати парична казна од 10.000 денари. Истата ја доби поради навредливо скандирање на навивачите кон гостинскиот терен. За постетување МЗТ Скопје во третото коло ги одмери силите против ТФТ кого го победи со 70-66.

Опомена доби новиот член на Супер-лигата, КК Штип, кој во иднина ќе мора да ја подигне записничката маса.