Уште еден патнички вагон од серијата Bm наскоро ќе биде вклучен во железничкиот сообраќај, откако успешно беше сервисираn од страна на работниците на Македонски железници – Транспорт.

Веста ја соопшти министерот за транспорт Александар Николоски, кој посочи дека продолжува работата на подобрување на капацитетите на македонските железници.

Вагонот располага со 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а неговата максимална брзина изнесува 160 километри на час.

„Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници“, порача Николоски.

Сервисирањето на патничкиот вагон е дел од активностите за обновување и подобрување на расположливите капацитети на железничкиот превоз во земјава.