Македонија е официјално вклучена на листата на земји чии државјани можат да добијат туристичка електронска виза (e-Visa) или виза по пристигнување (Visa on Arrival) за Кралството Саудиска Арабија – информира вечерва Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Со ова се овозможува поедноставена и побрза постапка за патување на македонските државјани, со значително намалување на административните процедури.

Од Министерството наведуваат дека новата можност отвора дополнителен простор за унапредување на туристичката размена, деловните контакти и севкупното поврзување меѓу двете земји.