Ракометарите на ГРК Охрид извојуваа победа над турскиот Спорт Тото со 36-24 (18-10) во првиот натпревар од второто коло на Еврокупот на ЕХФ, каде го бранат трофејот освоен минатата година.
Со оваа победа тие се многу блиску до следната рунда, а утре во „Билјанини извори“ треба да ја верификуваат надмоќта и квалитетот.
Најефикасни во тимот на Борис Ројевиќ беше Доминик Мате со девет голови, додека Илкај Келесоглу запиша осум погодоци за турската екипа. Утрешниот натпревар во Охрид почнува исто така во 18:30 часот.




