Во пресрет на денешниот дерби-натпревар со Вардар, раководството на Шкендија ги повика навивачите на коректно навивање.
– Нашата публика воопшто, а особено „Балистите“ традиционално се покажаа како голема поддршка за тимот и не се сомневам дека така ќе биде и на овој натпревар. Апелирам до сите да се воздржат од какви било провокации и да го одржат спортскиот дух. Ова треба да биде фудбалска прослава, каде што ќе го поддржуваме тимот, ќе веруваме во тимот и заедно ќе се стремиме кон победа. Убеден сум дека можеме да се радуваме на триумфот на теренот, но во исто време да ја пренесеме пораката за високата спортска култура што ја карактеризира Шкендија и нашата публика, изјави Ерхан Селими-спортскиот директор на тетовскиот клуб.
Натпреварот ќе се игра денес од 14 часот на градскиот стадион во Гостивар, во рамките на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Фото: ФК Шкендија




