Слаб снег во моментов провејува на планинскиот превој Стража, со што се појавија и првите снежни врнежи за оваа година на овој планински предел.
Засега, снегот не се задржува на коловозот, па сообраќајот се одвива без поголеми проблеми.
Сепак, поради променливите временски услови и пониските температури на планинските делници, на возачите им се препорачува зголемена внимателност при движењето низ превојот.




