На 27.10.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Љубанци, скопско, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот И.Ш. од Скопје, удрило во 77-годишниот пешак А.К. од с.Љубанци, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.