Конкретни реформи, видливи резултати и дела што ја потврдуваат грижата за припадниците на македонската Армија, порачува министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Мисајловски вчера објасни дека оваа Влада конечно го решила прашањето со стaтусот на професионални војници откако ќе навршат 45 години старост. Појасни дека тие можат да изберат дали ќе останат во Армијата, дали би сакале да преминат во друга државна институција или пак да заминат со отпремнина.
-За мене ова е еден убав историски ден. Знаете дека пред извесно време ја најавивме реформата. После колку години, не знам, децении, дадовме уште една можност. Заедно со началникот имавме прес, каде што објаснивме дека имаме уште една можност, секој оној кој сака да остане во Армијата, му даваме шанса да остане, рече тој.
Мисајловски истакна дека неговата порака како министер е дека на секој еден припадник на Армијата местото му е таму до остварувањето на правото на пензија.




