Австралискиот Апелациски суд ја одби жалбата на 52-годишната Ерин Патерсон, која е осудена за убиство на три лица со отровни печурки, нагласувајќи оти нејзините злосторства биле ладнокрвни и пресметани и затоа не треба да има право на условна слобода.

Во јули 2025 година Патерсон беше осудена на три доживотни казни поради убиство на родителите на нејзиниот сопруг и неговата тетка. Таа во јули 2023 година ги послужила со говедско месо прелиено со отровни печурки. „Отровниот оброк“ го преживеа локален свештеник, по повеќенеделно болничко лекување.

Патерсон тврдеше дека случајно ги додала печурките во оброкот, додека поротата утврдила дека намерно ги собрала и ги подготвила за убиствата.

Дон и Гејл Патерсон, Хедер Вилкинсон и нејзиниот сопруг Иан беа отруени на семејна вечера во нејзиниот дом во јули 2023 година. Тројца од гостите починаа, додека Иан Вилкинсон преживеа.

Апелацискиот суд пресуди дека убиствата претставуваат „сурово кршење на довербата“.

Патерсон не покажа никакви емоции додека ја следеше пресудата преку видео врска од затворот.

фото: архива