Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, упати порака против непрописното паркирање и заземањето на тротоарите од страна на возачите, нагласувајќи дека нема да има толеранција за узурпација на јавните површини.
Костовски посочи дека за непрописно паркираните возила ќе следуваат соодветни казни од Министерството за внатрешни работи, додека пајак-службата ќе ги отстранува возилата што го попречуваат движењето на пешаците.
„Тротоарите се за пешаци, не за автомобили! Нема толеранција за узурпација на јавните површини!“, порача градоначалникот во објава на социјалните мрежи.




