Нов ден, нов уплав во СДС од предвремени избори. Во стилот на догодовштините од рубриката „верувале или не“, Филипче во резултатите во Брвеница виде некаков си наводен изговор на владата на ВМРО-ДПМНЕ за предремени парламентарни избори?!- пишува Курир во својата анализа.

Колку и да сето ова е параноично и нелогично, СДС утрото срочија:

„Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори. Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. 

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско,“ пишаа во некаква параноична еуфорија од екипата на Филипче, банда која во се’, колку и да е нелогично, гледа некакво си алиби за предвремени избори.

Се поставува прашањето, дали со секојдневните инфантилни соопштенија СДС и Венко се, всушност, оние кои си создаваат алиби за да не ги признаат следните парламентарни избори, кога и да тие се случат? Она што и врапчињата го знаат е дека на нив Филипче и екипата ги очекува силен дебакл и катастрофален пораз, по кои тој заминува во историја како најнеспособен „лидер“. Ова ли е целта на СДС, да не признаат пораз за да можат и натаму да останат на позициите? Сфаќаат ли во партијата дека една врхушка или „лидерска“ „шака јада“ ги држи во заложништво поради лични интереси и амбиции?

Другата опција  е Венко и СДС навистина да имаат паничен страв и уплав од зборот ИЗБОРИ.

Е, тоа е веќе работа за некој друг, која нема врска со политика. Тоа е работа која ќе мора да ја завршат Иван Исцелител, Баба Дара или некој друг од истата фела.

Се вика одење на бајачка, сенароден лек за сечиј уплав…

П.С: Единствена „добра“ работа и позитива во денешното соопштение на СДС е што не се радуваа на победата на ДУИ, како што чинеа за Маѓар, Радев и Студентската листа.

Или, денот, сепак, е долг, има уште време за „радости“, па да не зборуваме „пред рака“?

Љупчо Цветановски за Курир