Фудбалерите на Тиквеш ја оправдаа фаворитската улога во 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Кавадарчани пред својата публика, го совладаа последно пласираниот тим на Скопје со минимални со 1–0.

По корнерот од десната страна, најдобро во гостинскиот шеснаесетник се снајде Ренатињо кој го постигна единствениот погодок на натпреварот во 26-та минута.

Во второто полувреме Скопје се обиде да стигне до израмнување, но одбраната на домаќините остана стабилна и не дозволи изненадување.

До крајот на мечот немаше промена на резултатот па кавадарчани ја впишаа шестата првенствена победа.

Со новите бодови Тиквеш сега има вкупно 24 и цврсто ја задржува третата позиција, сериозно загрозувајќи ги водечките екипи.