Независниот синдикат на одбраната (НСО), како најголем и репрезентативен синдикат на вработените во Министерството за одбрана и Армијата, остро се спротивставува на обидите за манипулација и вовлекување на припадниците на Армијата во протести кои не ги одразуваат нашите синдикални вредности и принципи.

-Особено сме против протести организирани од поранешни припадници на Армијата, кои зад синдикалната реторика промовираат политизирани интереси и доктрини. Нашиот пат е ДИЈАЛОГ, А НЕ УЛИЦА, порачуваат тие.

Од НСО потенцираат дека токму преку дијалогот што е во тек се постигнаа конкретни резултати:

-Историско решение за статусот на професионалните војници по навршување 45 години.

-Зголемување на платите за 10% на сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата.

Велат дека НСО продолжува да преговара за правата и достоинството на сите вработени, одговорно и преку институционален дијалог.

-Не дозволуваме Армијата да биде алатка за туѓи политички и лични интереси, велат од НСО – РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО МО И АРМИЈАТА.