Четворица поранешни министри и заменици министри за земјоделство денеска се приведени во врска со истрагата за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.
– Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра)., информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Од ЈОРМ, исто така, информираат дека надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје доставил Предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени.
Во соопштението од Обвинителството не е наведен идентитетот на осомничените, но дел од медиумите објавија дека станува збор за поранешните министри Ацо Спасеновски, Михаил Цветков, Љупчо Димовски, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев.
Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 одлучува по предлог на надлежен јавен обвинител за определување мерка притвор за четворицата поранешни министри и заменици министри за земјоделство кои се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.
Од Кривичниот суд потврдија дека тројца од четворицата осомничени денеска се изведени пред судија на претходна постапка.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција претходно информира дека четворицата во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.
– Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра)., информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
МВР во соработка со обвинителството денеска спроведе акција за приведување на четворица поранешни министри и заменици за земјоделство во врска со истрагата за злупотреба на службена пложба и овластување за доделување земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште. Со ова тие предизвикале штета на Буџетот од 1,4 милиони евра.
Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по свеченото затворање на Обуката „Идентификување на потеклото на пожар – несреќен случај или кривично дело“ што се одржа во Центарот за обука во Идризово во организација на Дирекцијата за заштита и спасување.
Спасовски истакна дека се обезбедени сите четири лица кои се опфатени со истрагата и додаде дека сите информации во врска со случајот ќе бидат обезбедени кога ќе заврши овој процес во заедничко соопштение со Јавното обвинителство.