Пратеничката Моника Зајкова стана актерка во документарен филм „До први“ во кој глумеше преживување 7 дена со минимална плата.

Филмот е во продукција на „Види вака“, а Зајкова го прифатила предизвикот седум дена да живее со минималец. Преку тоа лично искуство на Зајкова филмот ја прикажува реалноста на секојдневниот живот со минимални примања и ги отвора прашањата за тоа дали со минималните примања може да се обезбеди достоинствен живот.

Документарниот филм „До први“ е снимен со идеја животот на еден пратеник да се прикаже низ призмата на работник што располага со минимална плата. Во текот на седум дена, пратеничката Зајкова се стави во чевлите на работниците и се соочи со изборите, ограничувањата и одрекувањата што ги носи секојдневието со минимални примања.

Зајкова, пратеничка на опозициската ЛДП, „преживеала“ седум дена со минималец и продолжува да живее со пратеничка плата, а филмот доживеа промоција на која не дошол ниту еден од 120 поканети пратеници во Собранието на Република Македонија.