СДСМ се во паника и страв од надзорната расправа за Алта банка која ќе се оддржи в среда во Собранието, вака пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во „Колегиум“ на ТВ Алфа ја оцени луцидната изјава и директна закана на нивната портпаролка до републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во која Кузеска упати ултиматум до него со порака – ако итно не отворел истрага за Алта банка, ќе му се случело она што се случува во Србија со апсењата на тамошни јавни обвинители.

-Ja видов изјавата на СДСМ. Сите сме дел од политичкиот дискурс. Оваа политичка партија, СДСМ, повеќе се занимава со проблемите во соседството отколку со проблемите на македонските граѓани. Многу повеќе се занимава со политиката која што ја има во соседството, отколку со политиката коај носи добробит за македонските граѓани и заштита на македонските национални интереси, вели Бојкоска.

-Во ред е да се бара правда, да се бара одговорност, но јас овде не видов, не мислам само околу заканите за јавниот обвинител, туку и оние закани и навреди особено од политички претставници кои не приличат да ги презентираме пред јавноста и затоа мсиалм дека е неодговорно самото такво однесување и тоа повеќе зборува за самите нив. Но посакувам, еве како што денеска повикуваат од партиската говорница, кога беа на власт тогаш да го повикуваа тогашниот нивни јавен обвинител Коцевски да повикуваат така за правда можеби Македонија денеска ќе беше една поправедна држава, а не да се констатираат и тогаш и го добија најнегативниот Извештај на ЕК, во кој и самото судство ја доби најниската оценка, а јавното обвинителство уживаше многу низок рејтинг. Посакувам тогаш да го повикаа Коцевски, кога секој ден кога ќе се вклучеше телевизорот имавме нов скандал и нова афера во Македонија, но тоа не беше случај, оцени пратеничката.

-Мислам дека се во паника и во страв бидејќи ние во среда имаме надзорна расправа за случајот Алта банка, конкретно во самото Собрание, на која еден од поканетите гости е токму јавниот обвинител Ненад Савески, посочи Бојковска.

Инаку, вчера од партиската говорница портпаролката Кузеска направи преседан во македонската историја и директно му се закани на републички јавен обвинител.

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија. Савески, часовникот отчукува. Постапете веднаш!“ свика Богданка на Бихаќка.

Вакви закани до прв човек на македонското обвинителство се преседан во македонската историја. Дури и во времето кога јавните обвинители на СДСМ, Јовески и Коцески, правеа јавни испади и јасно ја штитеа партијата која ги избра, атакувајќи кон тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, никој јавно не упатил ваква закана до човек кој, сепак, претставува важна институција.

СДС пак влезе во подрумот на дното…

Среќа, велат по социјалните мрежи, што СДС никогаш нема да дојде на власт за да кого било апси. Поверојатно, некој ќе ги апси нив, коментираат граѓаните. Добра порака и крајно време за Савески, да ги извади оние случаи за Венко, Заев и бандата од фиоките, порачуваат трети.