Самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо одби да отфрли прифаќање американската воена поддршка во услови на ескалирачка политичка криза, внагласувајќи дека венецуелскиот народ сака да ја прекине диктатурата на претседателот Николас Мадуро „без разлика каков притисок е потребен”.

Но, Гуаидо предупреди дека се надева оти нема да се случи тоа.

Запрашан од Си-Ен-Ен, дали ќе прифати американската воена поддршка, тој рече преку преведувач: „Тука во Венецуела правиме се што можеме за да извршиме притисок, за да не мора да дојдеме до сценарио што никој не би сакал да го види.” – Се обидуваме да ја вратиме сувереноста и демократијата во оваа земја, рече Гуаидо.

Гуаидо е поддржан од САД и Западот.