Авионот со специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и зет му Џаред Кушнер, пристигна од Абу Даби на московскиот аеродром „Внуково“.
Двајцата денеска во Кремљ ќе разговараат со рускиот претседател Владимир Путин по дводневните трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби.
Пред средбата со Путин, Виткоф и Кушнер ќе разговараат со Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство, кој раководи и со Рускиот фонд за директни инвестиции. Дмитриев ги пречекал американските пратеници на аеродромот „Внуково“.
Виткоф и Кушнер денеска треба да пристигнат и во Даблин, каде што ќе се одржи деветтиот самит на Европската политичка заедница, на кој се очекува учество на 50-ина европски лидери.
За време на самитот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ќе има билатерални средби со европски државни и владини претставници, меѓу кои и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Се очекува Зеленски во Даблин да разговара и со Виткоф и Кушнер за преговорите за завршување на војната во Украина.




