По многуте лаги и манипулации, Венко Филипче конечно само едно нешто кажа вистина. Филипче јасно призна дека наследените обврски од криминалното владеење на СДС, државата ја чини многу скапо, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Како што и самиот Филипче вели, скоро 25 милијарди денари одат за камати на долгови, кои владата на СДС ги направи.
Ова доволно зборува како владата на СДС се однесувала кон државата и јавните финансии и со што се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се соочува.
Финансискиот и економскиот пустош кој зад себе го оставија владите на СДС, каде што составен дел беше и Венко Филипче уште се чувствува.
Но разликата е во тоа што Владата прави се последиците да ги санира, бизнисот да се помогне со цел економијата да се стави на здрави основи која ќе продуцира раст, развој, инвестиции, нови работни места и добро платени работници.
За таа цел на македонското стопанство му се ставија на располагање 250 милиони евра од кредитната линија со поволна каматна стапка, а над 18 милијарди денари на општините за реализација на капитални инвестиции.
Резултатите веќе се видливи. Се градат улици, патишта, водоводи, канализации, економијата се стабилизира и веќе десетти квартал по ред забележува раст на БДП три или над 3%, кој во вториот квартал од годинава изнесува 4,3%.
Од друга страна Владата континуирано презема мерки и активности, во ек на светска економска криза, цените да ги задржи под контрола, што се гледа и од стапката на инфлација која во Македонија од земјите во регионот е далеку пониска од инфлацијата во еврозоната.
А, во однос на платите и пензиите, СДС и Филипче исто така, најмалку имаат кредибилитет да зборуваат, затоа што само за две и пол години пензиите на сите пензионери линеарно се зголемија за 7.000 денари, а платите во сите институции согласно колективните договори континуирано растат.
Затоа, Филипче кога ќе дебатира на таканаречената трибина за состојбите во економијата, добро би било да ги презентира овие неспорни факти.




