Голема кафена мечка, слободно се прошетала низ улиците во село Теарце.

Имено, дивото животно било фатено на поставени безбедносни камери, а на истото се гледа како мечката слободно и мирно се движи низ улиците на селото.

Инаку, според самото видео, ова се случило час и половина после полноќ на 16-ти ноември оваа година.

Гладот и недостигот на храна ги тера дивите животни да се спуштаат во населените места, притоа претставувајќи и опасност за жителите и нивните имоти.