Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, продолжува да го оплакува „Отворен Балкан“. Во повторен обид да го рехабилитира агресорот, тој вели дека регионалниот мир се гради во соработка со Србија, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, кое МИА го пренесува интегрално.
Со истата Србија што не го признава Косово, не побарала извинување за геноцидот од ’99 година и продолжува да спонзорира терористички напади како оној во Бањска, за кој Ахмети никогаш не проговорил.
Со истата Србија што продолжува да не ја признава независноста на Косово, која ние ја гледаме како предуслов за нормализација на односите меѓу двата народа.
Владата на ВЛЕН има јасно определба: врска со Албанија и Косово преку Коридорот 8, автопатот Скопје – Блаце, патот Тетово – Призрен и „One Stop Shop“ на граничните премини.
А носталгичарите на „Отворен Балкан“ треба да сфатат дека националното прашање никогаш повеќе нема да биде заложник на тесни групни и семејни интереси, ниту монета во сомнителните трансакции на сватот што ни ја донесе Алта банка.
ВРЕДИ




