Брука и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.
-На лагата, вообичаено, кратки и се нозете.Во случајов, станува збор за ДАНС, службата која, како би рекле – етајната полиција во Бугарија и секоја тајна полиција, всушност, одработува за власта. Сите координати и ориентацијата во просторот и во времето им ги дава власта и тие настојуваат да ги реализираат тие добиени задачи. Една од задачите која им е сигурно дадена од политичките структури во Бугарија е да најдат жртвени јагненца кои по секоја цена би можеле да сплетат некава прикаска во која Република Македонија би била обвинета за нехуман однос, за нечовечен третман на одередени лица, посебно заради тоа што тие, наводно, имаат бугарско потекло. Приказнава излезе пародија бидејќи самата Ива Михаилова се излаја и кажа дека службите и наметнале потреба најпрвин да разговара со друг новинар, каде што прикаската која ќе треба да ја каже ќе и ја дадат тие за да добие некава си форма целата таа пародија што се случуваше, сценариото да се заокружи, и со никој друг нема право да комуницира. И тоа и го кажуваат како услов, не само за да се лекува, туку и за да ги оствари сите оние ветувања и бенефити кои и биле ветувани и од политичарите и од целиот тој бугарски естаблишмент, услов беше да го направи тоа. Она се избрза, недоветно дете, недораснато, си кажа многу искрено она што има да се каже, тоа протече во јавноста во Бугарија и сега и самите бугарски медиуми се налепија на глупоста нејзина, вклучително и партиите кои бараат одговорност зошто ДАНС го направила тоа. Тоа е брука, тоа е брука. Тоа е нешто слично како Заев кој што им даваше шлагворт на Бугарите и им даваше ветер во грб да си ги бараат сите ониуе неостварливи желби и работи кои ги наметнуваа. Ова сега е автогол давање, оцени поранешниот прв антикорупционер Зафировски во интервјуто за Тв Алфа.




