Мрмотот Фил, прочуениот фолклорен метеоролог од гратчето Панксатоуни во американската држава Пенсилванија денеска излегува од дупката за да ја даде традиционалната прогноза.
Легендата гласи дека ако Фил си ја види сенката на денешниот Ден на мрмотот, зимата ќе трае уште шест недели. Облачно време и немање сенка значат дека наскоро ќе пристигне пролетта.
Познатиот Фил досега дал прогноза за времето повеќе од 130 пати. Од Клубот на мрмотот кои го организираат чествувањето, нагласуваат дека првата таква прогноза датира од 1886 година.
Денот на мрмотот се одбележува и во Џорџија и Охајо. Во Џорџија мрмотот се вика Генерал Борегар Лиј, додека во Охајо – Чак.