Мицкоски нема ама баш ништо свое. Сè копира од Вучиќ. Не може да направи ниту една работа без да позајми нешто од кампањата на Вучиќ, неговиот шеф на балканската ОКГ. Сега ги промовира мерките на Вучиќ за младите, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Вели дека брачните двојки до 35 години нема да плаќаат комуналии. Таквата одлука е дискриминаторска и противуставна. Не смее да има старосно ограничување. Што е со немажените и неженетите до 35 години во Македонија? Зошто ваква поделба? Зошто пак кампања по примерот на Вучиќ?

Мицкоски рече дека ќе ги замени младите со „економски работници“. Изјави дека треба да увезе уште 100.000.

Зошто сега овие мерки? Дали Мицкоски се подготвува за избори? Чуму овие теми од кампањата на Вучиќ? Чукаат ли на неговата врата истраги од Унгарија и Србија? Кредити, банка, дрога…

Кампањата „Очи в очи“ со граѓаните е уште една работа преземена од Вучиќ. Така работеше и тој пред избори.

Во Србија Вучиќ падна, но изгледа дека сè уште владее во Македонија.

Медиумите на Вучиќ сè уште работат. Во Србија РЕМ му ја укина емисијата „Колегиум“ на „Информер“, а во Македонија АВМУ молчи.

Во Србија Алта банка е во стечај, а во Македонија Мицкоски ја спасува насила и ги крие сметките и трансакциите.

Во Србија се планира расформирање на БИА, а во Македонија БИА сè уште е во Владата.
Стоиљковиќ и неговата екипа владеат.

Во Србија ги нема навивачите и хулиганите, а Македонија ја претставува еден од нив – Душан Адамовиќ, почесен конзул и бизнис-партнер за струја и броила.

Во Србија се апсат криминалци, а во Македонија Мицкоски го извади Симо од затвор за да купува гласови во Брвеница.

Пари нема. Тоа е она што сигурно го знаеме. Нови задолжувања за нови криминални тендери. Кога и тоа ќе пресуши, еве ни избори.

Мафијата ќе бара уште четири години за да краде. Тогаш граѓаните ќе знаат дека секој што ќе остане дома, им го дал својот глас.

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста