Министерството за внатрешни работи постапува во насока на целосно разоткривање на случајот со заканувачкото писмо во канцеларијата на претседателката Сиљановска Давкова, информира денеска Тошковски.
Министерот рече дека МВР и Јавното обвинителство наскоро ќе излезат со информација за случајот.
– Имам информација за лицето кое е приведено. МВР ги презеде сите потребни чекори во врска со осмниченото лице постапуваме во насока на целосно расчистување на случајот и мислам дека за многу кратко време ќе излеземе со информација, изјави министерот.
Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по што е приведен 46 годишен маж лоциран преку видео-надзор. Содржината на писмото засега не се открива, ниту е познато нон кого биле упатени заканите.




