И сега ќе го повикам тука напомош и можеби да коментира во даден момент кога ќе сака евроамбасадорот Рокас. По примерот на претседателката Фон дер Лајен, која рече дека нè чекаат во Европа со нашиот идентитет и јазик. Зарем не е тоа најдобар и најголем сигнал дека оваа политика на оваа власт изминативе години, не само од 2024, туку и претходно, дека сѐ што направи СДСМ е предавничка политика, практично паѓа во вода – оцени со голема доза на Фројдов комплекс Филипче при расправата за веќе бајатиот и апсолвиран Извештај на ЕК.
Тој, како што пишува Курир, оикофобно се пожали и си измисли дека со обвинувањата на Христијан Мицкоски и на владејачката гарнитура дека СДСМ водел предавнички политики, индиректно се обвинувала и Европската Унија дека уценува земја кандидат за членство. Филипче потсети на пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека Македонија ја чекаат во Европа со својот идентитет и јазик, во која таа зборуваше за некаков идентите на Северна Макеоднија и никаде не спомна МАКЕДОНСКИ.
Филипче побара странска интервенција и јавно кажа дека на Македонија (читај на СДСМ) ѝ е потребна помош од ЕУ во соочувањето со пропагандата со која власта со години ги претставува чекорите кон членство во ЕУ како предавство.
-Предавнички ли е, амбасадоре, тоа што треба да се случи? Има ли предавство зад уставните измени или нема? Треба помош од вас? Нас ни треба, на државата ѝ треба, на граѓаните, на Европска унија ѝ треба помош – рече вознемирениот Филипче.
Извор: Курир




