Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, а намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има на планинскиот превој Стража, информираат од ЈП „Македонијапат“ и посочуваат дека сите патни правци во државата се проодни.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури, како што велат, можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.MA




