Лени Јоро од Манчестер Јунајтед ќе биде достапен за следниот натпревар на „Црвените ѓаволи“ откако Фудбалската асоцијација (ФА) пресуди дека неговото исклучување против Ливерпул било неоправдано.
Јоро, веќе во седмата минута заработи исклучување поради прекршок врз Александар Исак во ситуација кога беше последен играч во одбраната. Судијата му покажа црвен картон на Французинот, „Црвените“ набрзо поведоа, а потоа ја наполнија мрежата против нивниот најголем ривал – 4:0.
Сепак, по анализата на спорната ситуација, ФА донесе одлука да ја отстрани суспензијата на Јоро по жалбата поднесена од клубот од „Олд Трафорд“.
-Еден натпревар суспензијата што му беше изречена на Лени Јоре е поништена по жалбата против неправедно исклучување. Играчот на Манчестер Јунајтед беше исклучен поради спречување на очигледна можност за постигнување гол за време на натпреварот од Премиер лигата против Ливерпул во недела, 22 ноември. Писмено објаснување за одлуката на независната регулаторна комисија ќе биде објавено подоцна. Во 8-та минута од натпреварот против Ливерпул, Французинот доби директен црвен картон за старт врз Исак. Судијата процени дека, со оглед на позицијата на шведскиот напаѓач, потегот бараше Јоро да биде исклучен. Манчестер Јунајтед поднесе жалба, а во соопштението објавено денес (24 ноември), Фудбалската асоцијација (ФА) пресуди во корист на „Црвените ѓаволи“, соопштијаод ФА.
Така, Манчестер Јунајтед ќе може да смета на Лени Јоро за натпреварот во сабота против Брентфорд, бидејќи ФА ја укина суспензијата на дефанзивецот.




