Француско-грузиска комбинација е делегирана за дуелот на македонските кошаркари против Кипар што ќе се игра во четврток (26.ноември) во рамки на групата „Ф“ во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029.
Прв судија е Французинот Валентин Олио, а покрај него ќе бидат грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов.
Комесар на натпреварот ќе биде Наташа Ковачевиќ од Србија.
За македонската репрезентација ова ќе биде втор натпревар откако во првиот како гостин ја совлада Австрија.
Натпреварот се игра во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје со почеток во 18 часот.




