Ракометната федерација на Македонија се огласи со соопштение, во кое се информира дека поради безбедносно – технички причини, YouTube каналот на ракометната федерација привремено е недостапен.
„Поради безбедносно-технички причини, официјалниот YouTube канал на Ракометната федерација на Македонија, RFM Handball, во моментов е привремено недостапен.
Нашите надлежни служби активно работат на отстранување на проблемот, со цел каналот во најкраток можен рок повторно да биде достапен за сите љубители на ракометот.
Ви благодариме за разбирањето и трпението.
Ракометна федерација на Македонија“




