Попладнево се одржа протестот на Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“ кој започна пред Собранието, а заврши пред Министерството за внатрешни работи.
На протестот присуствуваше и професорот Љубомир Фрчковски. Во јавноста неговото присуство на денешниот протест се коментира како лицемерно.
За потсетување Фрчковски во минатото беше пријавен за напад на жена на паркинг простор во центарот на Скопје.
Протестот започна со едноминутно молчење во спомен на жените и девојките чии животи беа насилно одземени.
Извор: Курир




